Се сеќавате на лудиот инженер Марк Роберт кој го сруши Гинисовиот рекорд за најголемо количество лигава пена? Повторно го сруши светскиот рекорд и воодушеви момче кое закрепнува од успешната операција за исклучително редок тумор на мозокот за неговиот роденден.
Поранешниот инженер на НАСА, Марк Робер се сретна со Флечер и реши да му подготви огромно роденденско изненадување. Откако Флечер започна да се опоравува од успешната операција, Роберт го донесе на роденденска забава што му ја подготвил во фармата за ореви.
На една забава за Флечер, Марк Роберт подготви запалива пена, огромна експлозија на лигава пена, базен и најголемо изненадување – огромен резервоар за најголемо количество лигава пена некогаш направена. Роденденската забава на Флечер собори дури два Гинисови рекорди.