Најновиот изум на американски научници кој може да ги воодушеви корисниците ширум светот, особено оние кои сакаат да испијат некоја чаша повеќе
Паметен телефон може наскоро да нè предупреди и да му каже на корисникот дали е под дејство на алкохол. Всушност, овој сензор на мобилниот телефон ќе го контролира начинот на одење на сопственикот на телефонот.
Според научниците од Медицинскиот факултет на Универзитетот во Питсбург, целта е да се користат такви информации за да им се сугерира на корисниците дека не е вистинското време да возат автомобил.
За потребите на истражувањето, ангажиран е тим од 22 волонтери од различна возраст, кои биле тестирани со 2 промила алкохол во крвта откако конзумирале коктел со вотка. Откако го конзумирале коктелот, испитаниците имале смартфони фиксирани на грб и го тестирале нивото на алкохол во крвта и способноста да одат во права линија.
Научниците забележале дека во 90% од случаите имало промена во текот на испитаниците и до тој заклучок дошле со помош на акцелерометри кои се наоѓаат во паметните телефони, за да можат прецизно да предвидат кога концентрацијата на алкохол во крвта ќе ја надмине дозволената граница.
– Ова контролирано лабораториско истражување покажува дека нашите паметни телефони можат да бидат корисни за препознавање на функционалните промени во движењата поврзани со алкохолот. Имаме силни сензори што ги носиме со нас и мора да научиме како да ги користиме, со цел најдобро да им служиме на јавното здравје и безбедност. Користејќи ги овие сензори, можеме да предупредиме некој што не е ни свесен дека е во алкохолизирана состојба – објаснува раководителот на студијата, д-р Брајан Суфолето.