Научниците од Универзитетот во Бристол открија слаба точка на протеини од „шилецот“ на површината на вирусот САРС-Ков-2. Тие веруваат дека лекот може да се инјектира во „џеб“ на површината на патогенот, со што ќе се оневозможи вирусот пред да се заразат голем број човечки клетки. Авторите сметаат дека новото откритие може да биде револуционерно во борбата против пандемијата на коронавирус
Доколку споменатиот џеб беше исполнет со молекули кои го оневозможуваат вирусот, патогенот ќе се надмине „дури и пред да нè зарази“, убеден е раководителот на студијата, професорот Имре Бергер. Лекот може да се пие во форма на таблета или спреј во раната фаза на болеста, веднаш штом лицето ги забележи симптомите, со цел да се спречи инфекцијата да премине во критична фаза, објаснува експертот.
Научниците велат дека најновите откритија се голем скок напред, но тие исто така предупредуваат дека развојот на лекови може да трае со години и не веруваат дека антивирусен лек кој делува вака ќе биде достапен во блиска иднина. За каков џеб станува збор навистина? На површината на вирусот САРС-CoV-2, има протеини во форма на шила, со кои вирусот се приврзува на човечките клетки, т.е. нивните рецептори. Проф. Бергер и проф. Кристијана Шафиќ, направила 3Д структура на шила откако нурнале длабоко во внатрешноста на шилата и го идентификувале нивниот молекуларен состав. Во нив, тие откриле џеб исполнет со линолеинска киселина, за која претпоставуваат дека има улога во стабилизирање на протеин или честичка пред да комуницира со рецепторите на површината на човечките клетки, што на крајот спречува да делува. Како што објасни професорот Бергер за „Дејли меил“, џебот мора да се „отвори“ за да се спои со површината на нашите клетки. Така отворен, вирусот ослободува одозгора еден вид „чадор“, лепенка, која се прикачува на нашите клетки. Тој отворен облик со чадор е „заразна“ форма – објаснува професорот, додавајќи дека шила може да се затворат и: „лепливата лепенка“ е скриена во нив.
.