
Девојките научиле како гледаат на нивното однесување луѓето со кои поминуваат најмногу време
Меѓу бизарните трендови на „ТикТок“, имаше една забавна во која мажите ги имитираат своите подобри половини.
Првото видео стана вирално со скоро седум милиони прегледи, а други парови лесно одговорија на предизвикот.
Момчињата на смешен начин ги извадија валканите алишта на своите девојчиња. Тие се потсмеваа на нивните навики, како што се јадење, оставање чевли насекаде.
Сè на сè, овој тренд е многу забавен и сите парови сметаат дека имитациите се сосема точни.