БРИТАНСКАТА уметничка Сача Јафри работи на платно со големина од две фудбалски игралишта веќе седум месеци во хотел во Дубаи, сакајќи да биде запишана во Гинисовата книга на рекорди и да им помага на сиромашните деца.
Бос на шарено платно со димензии околу 2000 квадратни метри, растегната во познат хотел во Дубаи, Сача сака да го сруши светскиот рекорд за најголема слика на платно и да заработи пари што би биле наменети за едукативни и здравствени иницијативи за сиромашните деца.
Следната недела, по завршувањето на работата на огромната слика, таа ќе биде пресечена на 60 парчиња и таа се надева на дополнително финансирање кога делови од нејзиното „патување на човештвото“ ќе бидат ставени на аукција во февруари 2021 година.
Купувачите „ќе поседуваат дел од најголемата слика некогаш создадена, и покрај тоа, тие ќе имаат дел од историјата, па затоа и од човештвото“, рече таа.
Сача работи на своите уметнички дела уште од почетокот на пандемијата на корона вирусот во хотелот каде заглави по затворањето.
Таа објаснува дека пандемијата ја поттикнала да разгледа начини како да ги поврзе луѓето за да им помагаат на децата, особено на оние што живеат во најсиромашните делови на светот.
Децата од 140 земји индиректно учествуваа во создавањето на уметничкото дело, испраќајќи и ги своите слики.