На турнирот М1 кој се одржа во калифорнискиот град Коста Меса, се случи еден од најатрактивните нокаути оваа година. Потегот кој не му успева на секого и често во ММА го направи русинот Артур Гусеинов.
27 годишниот руски боксер го изведе фантастичниот удар по 3 минути борба со американецот Тајсон Џефриес.
Русинот се сврте и го удри противникот во брадата со надворешниот дел на раката.
Американецот падна како покосен, судиите означија крај на борбата, а русинот ја запиша својата седма победа од девет ММА борби.
http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=3SL7jUFaEBk