Мини пони со извртени нозе

popara11 јули, 20111min00
naslovnaponi

Очајната сопственичка на малото пони апелира за да собере £6.000 за операција на нозете на Фалабела.  Редок вид на минијатурно пони кое пред време се роди со извртени нозе се соочува со смрт доколку не неговата газдарица не собере £6.000 и не му биде направена операција која за него ќе значи живот.

Малиот мини Минкси, Флабела пони, беше родено пред само десет недели во шталите на Св. Блази, Корнвол. Сопственичката Џоан Труро помина две недели во нејзиниот автомобил во обид да му помогне на болното животно, во шталата на неговите родители. Таа го зеде малото пони, кое се тврди дека е најмалото пони на свет со само 17,6 инчи висина, кај неа дома за да се грижи за него.

Џоана, 29 год. рече: „Му беше потребно хранење на секој пола саат а неможеше да стои за да цица од сопствената мајка. Се роди околу шест недели прерано и поради тоа нецелосно оформено. Неговите нозе се поради тоа сериозно извртени.“

Околу £1.600 веќе се потрошени на сметки на ветеринари за нозете на Минкси да се исправат и да бидат завиткани во завои секој ден. „Неговите предни нозе станаа посилни но, на задните нозе им треба ојакнување, за кое е потребно скенирање кое кошта £800 и операцијта £4,000.“ Во краткиот живот до сега, понито тежи само 13,5 кг и стана најдобар пријател со пет-годишниот бултериер од Стафодшир кој се вика Клое. Уште со самото раѓање Клое се грижи на Минкси, го лиже и го чисти…

Џоана се надева дека овие прекрасни слики од понито ќе стигнат до очите и срцата на љубителите на животни и ќе донесат донации за операцијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag