Младата британска пејачка Адел го сруши рекородот на Еминем. Имено, таа стана сопственичка на најпродаваниот албум во светот на дигиталната музика.
Станува збор за нејзиниот втор студиски албум, именуван како “21“, кој во светот се продаде во девет милиони примероци, па така е крунисан за најпродаваниот албум за оваа година.
На тронот до сега за најпродаван албум беше Еминем со своето остварување “Recovery“.
Исто така, синглот на Адел “Rolling In The Deep“ се продаде во повеќе од четри милиони копии, а таа е на престолот на американските топ листи повеќе време од било кој друг британски изведувач.