Денеска е Светски ден на населението

11 јули, 20110
7billion
Овогодишниот Светски ден на населението паѓа во година кога се предвидува раѓањето на седуммилијардитиот жител на Земјата. Извршниот директор на Фондот за население на Обединетите нации – УНФПА, Бабатунде Осотимехин порача дека оваа пресвртница претставува повик за акција и покрена кампања наречена “7 милијарди акции“.
“Оваа година, на 31-ви октомври, светското население достигнува седум милијарди. Оваа пресвртница претставува предизвик, можност и повик за акција. Денеска, на Светскиот ден на населението, покренувам кампања наречена “7 милијарди акции“. Таа ќе ги вклучи луѓето околу тоа што значи да се живее во свет со седум милијарди луѓе и ќе поттикне дејствување по прашања што нé засегаат сите нас“, порача Осотимехин.
Во својата порака по повод денешниот ден, тој вели дека сега светот е поповрзан од кога и да е во минатото.
“И додека сиромаштијата, нееднаквоста и зголемениот притисок врз ресурсите претставуваат крупни предизвици, светот е поповрзан од кога и да е досега, создавајќи огромни можности. Сега имаме невиден капацитет за разменување на информации и идеи и за вклучување на заедниците низ целиот свет во решавање на заедничките проблеми. Заедно, можеме да исковаме иднина за младите, да ги унапредиме правата на девојките и жените и да ги сочуваме природните ресурси од кои сите зависиме“, истакнува Осотимехин.
Заштитата на репродуктивното здравје и права, вели тој, е суштинска за нашата колективна иднина и одржлив развој.
Генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки Мин, по повод 11-јули Светскиот ден на населението  посочува дека е задоволен што Фондот за население на Обединетите нации му дава значење на бројот седум милијарди со започнување на кампањата “7 милијарди акции“ со цел да придонесе кон подобар свет.
“Подоцна оваа година, ќе се роди седуммилијардитото бебе во нашиот свет на комплексност и контрадикција. Имаме доволно храна за сите, а сепак скоро една милијарда се гладни. Имаме средства да искорениме многу болести, а сепак тие продолжуваат да се шират. Имаме дар на богата природна средина, а сепак таа секојдневно е подложена на напаствување и експлоатација. Сите совесни луѓе сонуваат за мир, а сепак преголем дел од светот е во конфликт и загазен во вооружување“, вели Ки Мун.
Извор: Нетпресс

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi