Познатата американска телевизиска водителка Опра Винфри се наоѓа на врвот на листата за кандидат за домаќин на 84 доделување на наградите Оскар во 2012 година. Со оглед на тоа дека неодамна таа го заврши своето славно шоу, кое го водеше 25 години, инсајдерите веруваат дека сега е идеално време да ја искористи популарноста.
Како што се шпекулира во американските медиуми, организаторите на манифестацијата Оскари веруваат дека ангажирањето на Опра ќе придонесе да се зголеми гледаноста на самиот настан.