
Кајли Џенер го зголеми интерсот на нејзините следбеници со новата колекција на шминка од нејзиниот бренд Kylie Cosmetics, а уште повеќе објавувајќи низа секси фотографии на кои позира во минијатурен костим за капење со танга гаќички.
Кајли објави пет фотографии направени покрај базенот во нејзината луксузна вила, а на следбениците тоа многу им се допадна, бидејќи за неколку часа собра повеќе од 10 милиони лајкови.
„Среќен Божиќ нека ни е“, и напиша нејзината сестра Клои, а со комплименти ја нападна и нејзиниот партнер Тревис Скот.
Кајли Џенер претрпе неверојатна трансформација и многу нејзини обожаватели не можат да поверуваат како таа изгледаше пред само пет-шест години. Таа никогаш не криела дека ставила полнила во усните, но никогаш не зборувала јавно за другите пластични операции на нејзиното тело.