Поранешниот сопруг на Моника Белучи со неговата 30 години помлада сопруга на плажа: „Ги фотографираше нејзините атрибути пред сите!“ (ФОТО)

popara20 ноември, 20201min0
tina-kunaki-vensan-kasel-3-830x0

Познатиот пар убаво се забавува во Бразил на плажа

Францускиот актер Винсент Касел (53) и неговата 30 години помлада сопруга Тина Кунаки (23) се фотографирани на плажа во Бразил, а по тој повод насмеаја многу минувачи.

Имено, славниот актер и поранешен сопруг на најубавата жена на Светот, Моника Белучи, беше фотографиран со својата нова помлада сопруга додека таа седеше во неговиот скут, а тој го фотографираше нејзиниот задник за социјалните мрежи.

Ова ги насмеа многу обожаватели кои ги видоа овие фотографии и започнаа приказни дека славниот актер „станал папучар“ откако бил со помлад модел, како и дека многу се подмладил и ги следи актуелните трендови.

Нивната ќерка Амазон (1) беше со нив на плажа, а во еден момент Винсент плати локален масер да му го масира грбот.

По тој повод, Тина носеше бел едноделен костим за капење и ги истакна своите долги тенки нозе во преден план, додека Винсент уживаше на плажа во жолти шорцеви без маица.

Да потсетиме, Винсент и Тина објавија дека очекуваат дете само неколку месеци по венчавката во Бидарт во југозападна Франција во август 2018 година, а сега живеат во Бразил каде го минаа и карантинот за време на пандемијата на корона вирусот.

Пред Тина, Винсент беше во брак со најубавата жена на светот, Моника Белучи, со која беше во брак од 1999 до 2013 година и со која има две ќерки Дева и Леони.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag