Кети Холмс веќе е бремена со италијанскиот готвач?!

popara20 ноември, 20201min0
profimedia-0559111913-1-

Не им требаше долго

Ѕвездата на популарната серија „Dawson’s Creek“, 41-годишната актерка Кети Холмс пред неколку месеци најде љубов во прегратките на осум години помлад италијански готвач Емилио Витоло Џуниор и оттогаш тие се скоро неразделни. Честопати се гледа како се прегрнуваат додека шетаат по улиците на градот Њу Јорк, одвреме-навреме паузираат за да разменуваат страсни бакнежи, игнорирајќи ги минувачите. Списанието Woman’s Day тврди дека поранешната сопруга на Том Круз е веќе бремена со Емилио, но тие се обидуваат да го сокријат тоа од јавноста. Извор близок до нив откри дека Кети е заљубена над ушите во Емилио и е пресреќна што ќе добие бебе.

Изворот раскажа како Кети и Емилио неодамна купиле боја за sидовите на детската соба и како им кажуваат на пријателите дека се подготвуваат за доаѓањето на детето. Наводно, 14-годишната Сури, првото дете на Кејти од поранешниот брак со Том Круз, е пресреќна што ќе има полубрат или полусестра. „Тие зборуваат за имињата за детето, за работите со кои ќе ја опремат детската соба, количката … Многу е јасно што се случува, иако сè уште е тајна за јавноста“, вели изворот.

Сепак, порталот „Gossip cop“, кој открива неосновани приказни, тврди дека фактот дека Кејти и Емилио купиле боја за sидовите не е доказ дека таа е бремена. Сигурно, тие веруваат дека работата за бојадисување на sидовите ќе им биде препуштена на професионалци. Покрај тоа, тие ја купиле бојата во помали кофи кои обично се носат во хоби и уметнички продавници и веројатно е наменета за Сури, која сака да изработува ракотворби.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag