
Метју Пери се вери!
Иако во мај ја раскина двегодишната врска со 29-годишната менаџерка Моли Хурвиц, се чини дека парот ги реши проблемите и реши да заплови во брачните води.
Актерот најпознат по улогата на Чендлер во серијата „Пријатели“ ја запроси Моли и таа рече „да“.

„Одлучив да се свршам“, рече тој во стилот на Чендлер, додавајќи: „За среќа, сега излегувам со најдобрата жена на планетата“, рече тој за „Пипл“.