Ги заинтригира фановите со својата нова објава: Џенифер Анистон наскоро би можеле да ја видиме со нов имиџ?!

popara11 декември, 20201min0
1366708

Иако ретко експериментира со фризури и скоро никогаш не се одлучува да направи драстични промени, косата на холивудската омилена Џенифер Анистон секогаш успева да изгледа беспрекорно, а на горенаведеното најмногу може да му се заблагодари на нејзиниот долгогодишен пријател и фризерски стилист Крис Мекмилан. Токму тој е одговорен за нејзината култна фризура наречена „rachelica“ во култниот ситком „Friends“, која многу дами се обидоа да ја рекреираат во 90-тите

Со својата нова објава на своето Instagram Story, 51-годишната американска актерка успеа да ја интригира својата армија фанови овој четврток. На објавената фотографија, Анистон имаше шокиран изглед на лицето со фризерот Крис Мекмилан, додека тој држеше ножици на нејзината свилена коса со прамени во боја на мед.

Судејќи според објавената фотографија, фаворитот во Холивуд среде глобалната пандемија реши да се збогува со својата препознатлива фризура, а резултатот од нејзината одлука сè уште не е откриен во јавноста.

Во 1995 година, ликот на Рејчел Грин, кого го играше Анистон, првпат се појави во една епизода од хит серијата „Friends“, наречена „The One With the Evil Orthodontist“ со денешната култна фризура именувана по нејзиниот лик.

Иако Анистон често истакнуваше дека не ѝ се допаѓа популарната фризура „rachelica“ поради нејзиното тешко одржување затоа што нејзината коса е природно брановидна и густа, таа успеа да стане голем хит во 90-тите години и нејзината модерна стилизирана коса ја бараа многу дами ширум Светот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma