
Призна со каква болест се бори.
Пејачката Сиа откри дека страда од редок вид на синдром ehlers danlos.
Таа сакаше да им каже на сите кои исто така се борат со оваа болест дека не се сами.
Напиша охрабрувачки, но шокантен статус на Twitter:
– Еј, страдам од хронична болест, невролошки болести, „ehlers danlos“. Само сакав да им кажам на оние кои страдаат од болест, без разлика дали се физички или емоционални – ве сакам, продолжете понатаму. Животот е тежок. Болката е деморализирана, но вие не сте сами – напиша таа на својот статус.
„Синдромот ehlers danlos“ е наследна болест на синтезата на колаген, која се карактеризира со прекумерна подвижност на зглобовите, прекумерна еластичност на кожата и кршливост на сите ткива.