КРАЛИЦАТА ДОНЕСЕ ОДЛУКА И ЈА ПРОМЕНИ КРАЛСКАТА ТРАДИЦИЈА! Односот на принцовите може да се промени засекогаш

popara26 декември, 20201min0
Screenshot_2

Принцовите Хари и Вилијам едвај комуницирале откако Хари се преселил во Америка со сопругата и синот, но ако им се верува на медиумите во Велика Британија, тој однос наскоро може да се промени целосно.

Лошиот однос меѓу браќата дојде откако Хари и неговата сопруга Меган Маркл објавија без претходно известување до семејството дека двајцата се повлекуваат од своите кралски должности и се преселуваат во Америка.

Вилијам многу му замери и браќата, наводно, не комуницирале премногу од тогаш.

Сепак, божиќните подароци што пристигнаа за семејството на Вилијам од Хари и Меган се првиот знак дека односите се подобруваат и помирувањето е на повидок, пишуваат британските медиуми.

Ендру Мортон, биограф на кралското семејство, рече дека честитката за Вилијам и Кејт ја напиша Меган, а Хари сигурно има намера да разговара со неговиот татко и брат за Божиќ. Принцот Хари ќе го прослави Божиќ со сопругата и синот, додека неговиот брат сѐ уште не одлучил како и каде ќе го прослави Божиќ.

Имено, заради ситуацијата со пандемијата на коронавирусот, кралицата донесе одлука доколку оваа година кралското семејство нема да го слави Божиќ во Сандрингем, што досега беше кралска традиција. Кралицата овие празници ќе ги помине со принцот Филип во замокот Виндзор.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag