Режисерот Марк Чери и американската телевизија (ABC) наводно сериозно размислуваат оваа осма сезона од хит серијата “Очајни домаќинки“, да биде и последна.
Иако снимањето на оваа сезона од серијата штотуку започна, за неколку недели може да им дојде крај на очајните домаќинки. Крајната и дефинитивна одлука ќе биде донесена следниот месец, откако ќе се утврди колкава била гледаноста на серијата.