Храна која го намалува апетитот

popara5 мај, 20201min00
jabolka za dieta

Можете да јадете и да слабеете, со помош на внимателно одбрана храна и пијалоци кои го намалуват апетитот до 30 проценти. Уживајте во јаболката, зачинете ги оброците со малку црвен пипер, започнете го денот јадејќи алги и пијте вода пред јадење.

Едно истражување покажа дека хранат зачинета со чили ја намалува желбата за храна. Ви откриваме кои намирници на природен начин го намалуваат апетитот.

Јаболка

Било кое овошје или зеленчук богат со вода и влакна ќе ве заштити, но научниците нагласуваат дека јаболката се најдобар избор за оние кои внимаваат на тежината. При варењето јаболката го произведуваат хормонот GLP-1 кој на мозокот му праќа сигнал дека сте сити. Едно америчко истражување покажа дека луѓето кои јадат јаболко пред ручек јадат 15 проценти помалку. Изедете средно големо јаболко 15 минути пред ручек.

Црвен пипер

Истражувањата покажуваат дека сите оние кои сакаат да изгледаат добро во бикини треба да посипат пола лажичка црвен пипер врз јадењето за да го намалат апетитот. Научниците откриле дека црвениот пипер содржи капсиацин, кој дава лутина, но во исто време го намалува и чувството на глад.

Морски алги

Почнете го денот со шејк од морски алги и лесно ќе ги губите килограмите. Холандските научници открија дека диеталните влакна кои ги има во алгите го намалуваат чувството на глад за 30 проценти. Течноста полна со алги додека да стигне до желудникот се претвара во гел кој го зголемува чувството на ситост.

Зелен чај

Зелениот чај е полн со катехин, кој го потикнува согорувањето на калориите. Само три шолји зелен чај дневно ќе му помогне на вапето тело 40% побрзо да ги согорува калориите.

Јајца

Јајцата даваат чувство на ситост. Истражувањата покажуваат дека луѓето кои јадат омлет од две јајца за доручек, во текот на следните 36 часа внесуваат помалку калории.

Лимон

Лимонот содржи пектин, а тој го успорува варењето и го чисти телото од масни наслаги. Исто така лимонската киселина и пектинот ја успоруваат апсорпцијата на шеќери по оброкот. Витаминот Ц индирктно влијае на согорувањето на сало.

Вода

Пред оброк испијте чаша вода – ќе се чувствувате пополни. Овој податок е поткрепен и од едно истражување од 2010 година направено врз 48 луѓе поделени во две групи. Првата група пред оброк пиела две чаши вода, а втората не пиела воопшто течности пред јадење. По 12 недели  е утврдено дека луѓето од првата група во просек изгубиле по два килограми повеќе во однос на луѓето од првата група.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag