Популарна ТикТокерка нарачала фустан преку Интернет, чинел дури 170 евра.
На видеото што го објави на социјалната мрежа Тик Ток, покажа што сакала да порача, а што ѝ пристигна по тој повод. Имено, таа сакаше долг, елегантен син фустан, а ѝ пристигна нешто сосема друго.
Кога виде што доби, не можеше да престане да се смее.
Многумина под нејзиното видео оставија коментари во кои ја прашуваа од каде го купила за да знаат како да ја заобиколат страницата, некои напишаа дека ова им штети на нивниот моден вкус, додека една следбеничка рече дека работи во бутик и секогаш ги советува клиентите да не купуваат преку Интернет.