Еве како се менува карактерот откако ќе се откажете од пушењето!

popara12 јануари, 20211min0
dreamstime-xxl-34856207

Во студијата, истражувачите откриле дека пушачите имаат две силни одлики – невротизам и импулсивност – кои се смируваат откако ќе се откажеме од пушењето.


Покрај убиството, тврдат научниците, пушењето ја уништува и нашата личност. Можеби веќе не ги ни забележувате промените на расположението што ги прави сите околу вас ‘да им се дигне косата’, но тие веројатно се таму.


Студија спроведена од Универзитетот во Мисури откри дека кај пушачите силно се потенцираат две карактеристики – импулсивност и невротизам. Студијата исто така открила дека оние кои се откажале од пушењето за време на студијата покажале драматично повлекување на овие карактеристики.

Ова ни кажува дека можеме да очекуваме промени во личноста откако ќе се откажеме од пушењето.
Начинот на кој ги импресионирате другите луѓе ќе се промени и ќе станете многу подостапни. Да не спомнувам дека ќе се чувствувате многу посреќно поради откажувањето од пушењето. Ќе бидете изненадени колку драма ќе исчезне од вашиот живот откако ќе се откажете, а исто така ќе имате многу појасен процес на размислување.

Студијата следеше луѓе на возраст меѓу 18 и 35 години, делумно затоа што научниците велат дека нашата личност е изградена и „заклучена“ кога ќе наполниме 35 години.
Ова е исто така дел од причината зошто е потешко да се остават цигари подоцна во животот. Работите како желби, нетрпеливост и лути испади веќе не се само несакани ефекти на цигарите, туку станаа дел од вас. Многу пушачи имаат вистински проблем со оваа промена на идентитетот, но ако знаете што ја предизвикува, може да ви биде полесно да одлучите да се откажете од пушењето.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag