Шпанската водителка Кристина Педроче стигна до сите светски медиуми благодарение на фотографијата на која позира целосно гола на снегот. Педроче предизвика општ хаос на социјалните мрежи, па многумина ја напаѓаат за фотографија направена за време на снежната катастрофа во Шпанија, на која неколку лица го загубија животот.
Сепак, има и такви кои целосно ја поддржуваат, а нејзината фотографија инспирираше многу корисници на Инстаграм таму да направат иста или слична фотографија.
Минатата година целосен хит беа фотографиите во костими за капење на снегот, а се чини дека оваа година, поради лајковите, многу инфлуенсерки ќе соблечат сè и ќе седнат во снегот.