Дали воопшто постои ваков маж? Ако сакате да бидете момче на Емина Јаховиќ, мора да ги исполните овие КРИТЕРИУМИ!

17 јануари, 2021
831599_emina-jahovic-kaver_ls

Пејачката зборуваше за тоа каков е нејзиниот тип на маж. Пред три години, српската поп-sвезда Емина Јаховиќ стави крај на деценискиот брак со нејзиниот колега Мустафа Сандал, со кого има два сина, Јавуз и Јаман.

Двајцата по разводот останаа во нормална врска, пред се поради децата во чие воспитување учествуваат и двајцата, но пејачката нема намера да се смири со него. Таа е посветена на децата и работата и чека судбината да ја обедини со нов маж.

„Мустафа секогаш ќе биде татко на моите два сина, но ништо повеќе од тоа. Го ценам и почитувам што поминав многу, многу време со него. Што се однесува до новата љубов, таа никогаш не може да се испланира. Има време, а јас во моментов сум преокупирана со работа, со мојата куќа и со моите деца, и сега мислам дека не е време за љубов, но во принцип, секогаш сум отворена за тие работи. Сепак, познавајќи се себе си и моите критериуми, нема да биде лесно“, рече Емина и додаде: „Мажот мора да има внатрешна сила, што ја тера жената да биде она што е. И тоа го имаат малку мажи. Без оглед колку биле богати, колку биле способни, многу малку мажи сакаат да ја видат својата жена во најдобро можно светло. Мислам дека љубовта е комплементарно и бесконечно давање, а она што би сакала е искреност, смисла за хумор и таа внатрешна сила и машка енергија што и требаат на секоја жена “.

escort - Korsan taksi