10 најлуди додатоци за вашата бања

popara14 јули, 20112min01
Cool_Gadgets_for_your_Bathroom_14

За некои луѓе бањата е место каде може да се опуштат, а за други пак само потреба. Без разлика како гледате на тоа, овие 10 додатоци кои се достапни онлајн,  може да го направат искуството во бањата интересно, забавно и веројатно помалку смрдливо 🙂

1. Диспанзер за течен сапун во форма на нос – на овој додаток најверојатно ќе му се радуваат децата, само ќе стиснат една од ноздрите и сапунот ќе протече. (17,99 долари)


2. Водоотпорен бележник – некои викаат дека најдобрите идеи на луѓето доаѓаат додека сте во бањата, па за да не заборавите запишете ги веднаш. (9,48 долари)


3. Туш батерија со лед сијалица – со овој додаток никогаш нема да влезете во грч ладна вода, бидејќи тој ќе ви сигнализира кога водата е топла или ладна. (30,84 долари)


4. Две во едно, полнач за iPod и држач за тоалетна хартија – сега не само што iPod ќе ви биде на сигурно додека сте во тоалетот, ќе можете да си слушате музика и да го полните, а истовремено на него да закачите и тоалетна хатија. (29,99 долари)

 

 
5. Сунѓер за туширање во форма на микрофон – за сите оние кои сакаат да пеат додека се во бањата, сега слободно држете го микрофонот под тушот. (7,49 долари)


6. Седиште за вц школката кое грее – овој греач ќе направи никогаш повеќе да не се чуствувате непријатно и да не ви биде ладно кога ќе седнете на вц школката. (39,35 долари)


7. Диспанзер за паста за заби – неможете веќе да поднесете од различни страни да ја стискаат пастата вашите цимери или пак на пастата секогаш и фали капачето? Сега нема потреба да се грижите, само ја вртите наопачки ја ставате во диспанзерот и ја користите до последната капка. (12,95 долари)


8. Брич за брадичка – можеби мислите дека бричот за брадичката е шега, но всушност тој доста добро ќе ја обликува вашата брада, а може да се прилагоди на секое лице за неколку секунди. (19,99 долари)


9. Пешкир со две страни – никогаш повторно нема да се прашувате со кој дел од пешкирот сте ја бришеле главата, телото, лицето. Со овој пешкир ќе ги решите сите забуни, која страна за што ја користите 🙂 (12,29 долари)


10. Крвава завеса за вашата бања – се разбира оваа завеса е практична повеќе од што замислувате бидејќи ќе заштите водата да не искача од кадата, но оние кои имаат слабо срце може не треба да ја купат, бидејќи со секое палење на светлото после полноќ може да се преплашуваат. (18,46 долари)

One comment

  • emilija

    14 јули, 2011 at 17:16

    а како да си ги набавиме?

    Reply

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag