Уапсени 37 членови на Албанската нарко мафија во Њујорк

14 јули, 20110
naslovna mafija copy

Судот во Бруклин ја обелодени оптужбата за 37 членови на организацијата на етнички Албанци во САД, Канада и Европа, заради криумчарење и дистрибуција на огромни количини на наркотици од Мексико и други земји во САД.

Криминалците биле уапсени во Њујорк, Њу Џерси, Колорадо и Флорида.

Оваа група ја сочинуваат неколку меѓусебно поврзани семејства, кои во изминатава деценија успеале да продадат повеќе милионска количина на наркотици. Станува збор за десет илјади килограми марихуана, кои ја криеле во тракторски приколки и ја пренесувале и дистрибуирале низ Мексико и Канада.

Организацијата криумчарела и кокаин, а го криеле во посебни прегради на лимузини, кои биле продавани во Косово и други европски држави.

Еден од лидерите на организацијата Ариф Медвед Курти, веќе ја отслужува казната во затворот во Албанија, заради трговија со хероин, но продолжил да дава наредби и од затворот, нелегално користејќи мобилен телефон.

Припадниците на организацијата употребувале и насилство, елиминација на сведоци и полициски службеници.

На листата на уапсени се наоѓаат: Џавит Тачи, Ариф Курти, Џевалин Бериша, Карлос Алварез, Шкељким Бакрац, Роберт Бонура, Џон Цекај, Цекај Мартино, Џовани Дифучија, Брајан Даблин, Арви Ебрахим, Хектор Флорес, Анџело Џермано, Јетон Џиџа, Ли Карачи, Роберт Карачи, Хасан Курти, Ибрахим Курти, Бајрам Лајчи, Селман Лајчи, Алесандро Латино, Лаурета Љокај, Лукај Никола, Никола Меси, Дејвид Меклин, Фатмир Мехмети, Фаик Мехмети, Нефаил Меховиќ, Валтер Мемија, Алберто Меркадо, Магдалена Николај, Мал Реџа, Роберт Рудај, Ленс Шонер, Лестер Заборски, Агрон Зенелај и Дариј Ривера.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - Superbetin -

Sağlıktan Haber

- Roblox Vega X Exploit