Продолжение на Gumball 3000

popara15 јули, 20115min00
naslovna

2006
Релито во 2006-та година беше најамбициозното од било која Gumball 3000 трка, започнувајќи од Лондон и завршувајќи во Лос Анџелес само 8 дена подоцна. Организаторите, организираа воздушен транспорт на 120 автомобили од Европа до Азија и потоа во САД во три авиони од типот Antonov An-124 и еден патнички авион Boeing 757. Релито започна на 29-ти април 2006 година во Pall Mall, Лондон и продолжи во Виена, Будимпешта и Белград. Возачите потоа се качија во авион во Србија и слетаа во Тајланд за втората фаза помеѓу Пуке и Бангкок. Последната фаза се одвиваше во САД на растојание помеѓу Солт Лејк Сити до Лос Анџелес, преку Лас Вегас, каде Snoop Dogg настапуваше во живо на Gumball забавата. Помеѓу учесниците беа повторно ѕвездите од Jackass, Рајан Дан и Бам Маргера возејќи се во Lamborghini Gallardo-то на Бам прилагодено во стил на Били Ајдол, потоа Тони Хок, Мајк Вали и Ескамила во Jeep Grand Cherokee SRT8, Тревис Баркер од blink-182 го возеше неговиот Rolls Royce Phantom заедно со Swizz Beatz, Dirty Sanchez се возеше во тјуниран Nissan 180SX, Ден Џојс, Метју Причард и Мартин Меккучон се возеа во розев Range Rover, Мет Џонсон се возеше во неговиот адаптиран Dodge Charger… сите тие помеѓу славните личности, ексцентриците, милионерите и билионерите од целиот свет.

2007
Рутата во 2007-та година беше планирана од Лондон до Истанбул, преку Амстердам, Минхен, Тирана, Дубровник и Атина. Преку 100 натпреварувачи без испланирани да патуваат преку 16 земји во 8 дена. Ново од оваа година беше влезниот волг од 28,000 GB£ (US$55,060) за новите возачи кои сакаат да влезат во Gumball 3000. По пристигнувањето на натпреварувачите во Холандија на 29-ти април, холандската полиција ги пречека со 14 полициски автомобили и 7 необележани автомобили. На седум возачи, вклучувајќи го и раперот Xzibit, им беа одземени возачките дозволи за возење преку 50 km/h и два автомобили беа конфискувани. Холандската влада ги има забрането уличните трки со закон, но организираното рели “без натпреварување” нема никаква забрана. Следниот ден, германската полиција ги придружуваше сите возила до аеродромот во Франкфурт, од каде полетаа кон Турција. Учесниците слетаа во Истанбул, но авионите-носачи од типот Antonov, беа пренасочени во Атина. Дел од возачите беа авионски пренесени во Атина, додека четири тимови Тим Polizei, Тим Turkish Taxi, Тим Aytac, and Тим 15 одлучија да возат со двруги автомобили.


На 2-ри мај, се случи голема сообраќајна незгода во близина на Струга, Република Македонија. Ник Морли и Метју Мекконвил со нивното Techart Porsche 911 Turbo удрија со брзина од 161 km/h во Volkswagen Golf, кој доаѓаше од спротивната насока. Други извештаи укажуваат на брзина од 200 km/h или повеќе. Македонските државјани Владимир Чепуњоски и неговата сопруга Маргарита Чепуњоски го загубија животот во нивниот Volkswagen Golf, Владимир на пат кон болница, додека неговата сопруга подлегна на повредите за време на лечењето во болницата. Ник и Метју продолжија да возат во BMW M6, со руски регистарски таблички се до блиската граница со Албанија, каде што беа уапсени од полицијата. Организаторите го продолжија релито и покрај незгодата, со подоцнежно објаснување дека всушност немало официјални, чисти детали за фаталноста во случајот се до брифингот, во кој момент тие го прекинале остатокот од релито. Возачот Ник Морли, беше осуден за “загрозување на сообраќајот, следејќи со смрт” и доби условна казна и беше суспендиран на 2 години.

2008
10 – годишнината на Gumball 3000 Рели започна во август. Автомобили со неутрализирана емисија на CO2 беа преферирани и доказ за тоа кај секој автомобил беше нужен. Влезниот влог беше £60,000, односно $120,000US. Почетната линија беше во Сан Франциско и продолжи преку Лос Анџелес, Сан Диего, Лас Вегас, лет до Нанџинг, Шангај и на крај во Пекинг за време на олимписките игри во 2008-та година.

2009
Настанот во 2009-та година се одвиваше во рута од Лос Анџелес до Мајами од 1-ви до 8-ми мај. Настанот проследуваше со концерт во Санта Моника и изложби на автомобили во Санта Моника, Лас Вегас, Санта Фе, Далас, Њу Орлеанс и Мајами. Gumball 2009 официјално стана партнер со Wounded Warrior Project – непрофитна организација за покренување на свесноста за потребите на ранетите мажи и жени во служба на државата. Репрезентативци на Wounded Warrior Project учествуваа во релито таа година и понатаму. Добитници на награди во 2009 беа: Дани Кас и Динго со нивниот 2006 Chevrolet Fun Mover – награда “Spirit of the Gumball”; Шеик Мо, Мет и Мотман со 2008 Rolls Royce Phantom Drophead – награда “Ambassadors Award”; Том Кларк и Том Боди со 2009 Jaguar XKR – награда “Bad Behaviour”; Саманта Стајлс со 2008 Nissan GTR – награда “Navigators Award”; Кејлеб Гарет со 2007 Porsche Techart TT 800HP – награда “Enthusiast Award”; Елен Фостер Тејлор со 1961 Jaguar Mk2 – награда “Back Seat Driver Award”.

2010
Релито во 2010-та година се движеше од Лондон па до Њујорк. Започна во Лондон на 1-ви мај, продолжи во Амстердам, Копенхаген, Стокхолм, Бостон, Квебек, Торонто и Нијагарини Водопади, пред да заврши во Њујорк. Тони Хоксе појави на релито во оригиналното комбе на А-тимот во филмот од 2010 година, Xzibit во Porsche Cayenne, Ева Џихан Џеферс во Bentley Continental GT, актерот Идрис Елба во Aston Martin DB9. Мајкл Медсен се откажа од релито по неговото стопирање од страна на полицијата за брзо возење.

2011
Преку електронска пошта помеѓу Максимилион Купер и рели возачите од 2010 Gumball 3000, беше доставена рутата за 2011 година. Во координација со електронската пошта: “Значи официјално да ја најавам авантурата за следната година… тоа е неверојатна рута од 3000 милји полни со културни контрасти и други нагласоци за ваше уживање. Ќе патуваме од Лондон до Истанбул за 7 дена, преку Париз, Барселона, Канскиот Филмски Фестивал, Големата Награда на Монако, Венеција, Белград, Софија и Истанбул. Инкорпорирањето на Канскиот Филмски Фестивал и Големата Награда на Монако ќе биде од големо значење”. На 24 февруари 2011 година, беше најавено дека Gumball релито ќе има своја пред-забава на 25-ти мај, пред да замине од Лондон на 26-ти мај. Влезниот влог во 2011 Gumball 3000 беше £25,000. На 25-ти мај започна забавата во Playboy клубот во Лондон, на 26-ти официјално започна Gumball 3000 2011 од Лондон, продолжи во Париз, па во Алби, потоа Барселона, па Монте Карло… Венеција, па Загреб… Белград, па Софија… завршеток во Истанбул.

2012
Планот за 2012 е следниот: од Њујорк до Лос Анџелес, преку Торонто, Детроит Индианаполис, Мемфис, Далас, Ново Мексико и Лас Вегас. Релито ќе трае во преиодот од 25-ти до 31-ви мај, 2012 година.

Познати учесници од 1999 до 2011 година се:
Ејдриен Броди, Дени Дајер, Дерил Хана, Дејвид Хеслхоф, Стив Голдфилд, Денис Родман, Естеван Ориол, Идрис Елба, Кејт Мос, Скот Ошри, Ејми Весон, Мајк Малбон, Џејсон Присли, Џејсон Статхам, Џастин Фридман, Џоди Кид, Џими Џин-Луис, Крис Понтиус, Лумис Фол, Рајан Дан, Мајкл Медсен, Џони Ноксвил, Метју Причард, Каприс Бурет, Темр Хасан, Тим Рот, Тајсон Бекфорд, Рики Шродер, Гретчен Роси, Брет Лендс, Тони Хок, Бам Маргера, Џеси Фрич, Џон Олсон, Кајл Лоза, Рик Торн, Пол Такер, Дени Кас, Тригер Гам, Мајк Ескамила, Дејв Мира, DJ Muggs од Cypress Hill,Jamiroquai, Eve, Xzibit, DJ Sharam од Deep Dish, Snoop Dogg, Тим Вествуд, Тревис Бејкер, Mario, The Enemy, The Cuban Brothers, The Fuel Girls, Avenged Sevenfold итн.

Официјални победници за “Spirit of the Gumball” наградата

Година

Победници

Возило

1999 Лук Крафт и Дилан Муреј 1999 Light Car Company Rocket
2000 Том и Барбара Бруднел Брус 2000 Ferrari 550
2001 Tим Bridger Даниел Макмилан Виконт Макмилан од Овенден и Лиам Торнтон Bullet & Bomb Proof Ambassadors Mercedes-Benz
2002 Марк Крокер & Рори Свит Ferrari F50
2003 Алекс Рој и Дејвид Махер (Tим Polizei) 2000 BMW M5
2004 Гери Лутке и Џон Доерти Citroën 2CV
2005 Сју Беларби и Кејти Хадарт Caterham
2006 Дејмиен Вилијамс, Ричард Блекбурн и Езра Чапман Rolls Royce Phantom
2007 Кемал Садикоглу и Аликонур Јарсуват Turkish Taxi
2008 Јо Есбенсен и Џаспер Ватс (US Stage Spirit награда) 2008 ScionX Rogue Status edition
2008 Дејвид Карингтон и Филип Рајт (победници на 10 годишнината на Gumball 3000) презентирано во Пекинг 1963 VW Samba T1 21-window split screen campervan
2009 Дени Кас и Динго – презентирано во Мајами 2006 Chevrolet Fun Mover RV
2010 Фахад Алтурки, Рами Алтурки, Зиад Алтурки и Ричард Брамал (Tим Pavo) 2009 Mercedes-Benz ML63 AMG & 2009 Ferrari 612_Scaglietti
2011 The_Dudesons”Dudesons Cadillac Escalade called the Dudesons Ambulance

 

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma