Проституција на Охридското Езеро

popara15 јули, 20111min01
ohprost

Една од најпопуларните туристички летувалишта во Македонија е Охридското Езеро. Сепак, жителите во овој регион се соочуваат со сиромаштија. Затоа  голем број на жени не гледаат друг излез, освен да работат како проститутки за да заработат за живот.

Свежа риба, македонско вино, прекрасен романтичeн поглед кон езерото. Охрид претставува совршена туристичка дестинација. Да не беше туризмот, голем број жители немаше да имаат работа. Па така и Снежана. Но, таа не заработува пари од туризмот, туку од проституција. Таа вели дека не гледа друг излез. Има  45 години, но изгледа многу постара…облечена во тренерки, плава коса врзана во опашка, со грам шминка на лице…секоја брчка и се познава. “Во моментов живеам на улица. Потреба ми е помош, потребно ми е место каде што можам да се истуширам, не сакам да одам кај познаници…не мора секој да знае со што се занимавам”, раскажува Снежана.

Таа редовно го посетува социјалниот центар во Охрид, кој е основан пред повеќе од година дена. Таму можам да се истуширам, да јадам нормално и да добијам чиста облека. Таа вели дека е многу благодарна за добронамерните совети и пристојноста на социјалните работници. Во мал град како што е Охрид проститутките се на лош глас и никој не сака ниту да разговара со нив. Покрај тоа, нивната работа е често поврзувана со многу опасности. Снежана е самохрана мајка. Таа почнала да работи како проститутка пред шест години и тогаш го преживеа најодвратниот ден од нејзиниот живот – била силувана. Денес има пет редовни клиенти со кои редовно оди во хотел. Раскажува колку е несреќната приказна за нејзиниот живот…уништетн и е секој убав спомен, секое чисто чувство, секоја желба…

Социјален центар за проститутки

Поради тешката економска ситуација со проституција се занимаваат голем број на жени и девојки од туристичките места – Охрид и Струга. Меѓу нив поголемиот дел се самохрани мајки и студенти кои, на овој начин, заработуваат за нивните студии. Во некои случаи, вработените во Социјалниот центар се грижат за децата на овие жени, ги носат на училиште, им готват за јадење. Главната цел на оваа институција не е да врши притисок врз проститутките, туку да им помогне секогаш кога е во можност, вели социјален работник: “Ние работиме за да ги информираме овие жени за нивните социјални права, како можат да се заштитат од насилство, несакана бременост и од сексуално преносливи болести“.

Секаков вид на помош е добредојдена, а тоа се потврдува со фактот дека центарот редовно го посетуваат околу 110 жени од околината на Охрид. Сепак, бројот на проститутките во регионот е значително зголемен. За време на викенди особено за време на летната сезона голем број на жени работат во клубови како “девојки за забава” и за своите услуги добиваат одреден процент или пак бесплатна консумација на пијалаци…многу често “во игра“ се и наркотичните средства. Но, оние жени кои заработуваат од проституција само во текот на летната сезона не се чести посетители во Социјалниот центар “.

Главната причина – сиромаштијата

Проституцијата како излез од сиромаштијата.

Инаку, веќе поодамна е познато дека на Охридско Езеро може многу лесно и брзо да се заработи со “помош“ на проституција. Затоа не е за чудење дека меѓу проститутките има и голем број на странски државјани, главно од Србија и Бугарија. Нормално, дека и тие доаѓаат во Социјалниот центар. Сепак, ниту една од нив немала контакт со присилна проституција: “Вообичаено работиме со жени кои, повеќе или помалку доброволно се занимаваат со проституција, а доколку наидеме на случај на присилна проституција, тогаш веднаш ја информираме полицијата. Доколку забележиме дека некоја жена е физички злоупотребувана, имаме свои методи како да и помогнеме и веднаш контактираме со надлежните институции. Покрај тоа, во центарот имаме и адвокат кој го консултираме во вакви случаеви“ – објаснуваат од Социјалниот центар.

Социјален центар не може да го реши проблемот на проституцијата, но сепак се обидува да им ја  олесни ситуацијата на жените кои се занимаваат со тоа. Главната причина за проституција е сиромаштијата, а тоа тешко дека ќе биде набрзо искоренето.

 

 

One comment

  • Сотировски Александар

    2 август, 2011 at 10:13

    ZA KAKVA PROSTITUCIJA I NARKOMANIJA DRNKAT MEDIITE-
    Ohrid e istorisko mesto zaradi prosvetitelite Sv. Kliment i Sv. Naum. Graganite se okolu 40 000 i eden so drug se znaat . Zivotot vo Ohrid mediite go prikazuvat kako da e na velegrad tip Tokio, London, it.n. Toa go izdignuva duhot na dopisnicite za pred graganite. Zalosni paljacovci koj se identificirat so svetski iminja. da baraat . Ej ne mi se pisi za abdali.

    Reply

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma