Бидејќи своето слободно време го поминува во резба и обработка на дрво, Тери од Австралија реши да ѝ направи единствено парче накит на својата девојка Ана за првата годишнина од нивната врска.
Така пред две години тој и подари ѓердан што тој самиот го направи, но таа немаше идеја дека тој скрил дијамантски прстен во приврзокот на ѓерданот.
– Еднаш шетавме низ пазар каде што имаше неколку продавачи на накит и на Ана навистина ѝ се допадна ѓердан што еден човек го продаваше на штандот, а тој го сакаше нејзиниот: скоро го ѝ симне и сакаше да го смени, моето срце скоро запре – се присети тој.
Се препоти така, се сеќава, дури и кога поминуваа кај обезбедувањето на аеродромот пред летот, бидејќи се плашеше дека неговата тајна ќе ја открие рентгенот.
Но како одминуваше времето, Ана не покажуваше дека е поблиску до пронаоѓање на прстенот, па Тери, како што призна делумно и од страв да не го изгуби прстенот, конечно се осмели и испланира предлог.
Парот отпатувал за Шкотска каде ја посетиле морската пештера Сму, и таму Тери ја замолил Ана да го извади ѓерданот за момент. Додека му го вртеше грбот, романтичниот млад човек клекна на едното колено, држејќи го ѓерданот со прстен во раката.
– Ана се шокираше кога сфати дека ѓерданот се отвора, а потоа само ѝ светна дека две години има вреден прстен околу вратот, па пребледе- изјави тој.
– Можев да го изгубам, идиот! -тоа беше нејзината „романтична“ и спонтана прва реакција на фактот дека носеше вреден прстен околу вратот, но неколку моменти и едно „Да“ подоцна заборави,вели, дека е лута …