Познатата пејачка откри дека во 2018 година неколку минути ја делеле од смртта.
Американската пејачка и поранешна ѕвезда на Дизни, Деми Ловато (28) неодамна откри дека има „оштетување на мозокот“ откако претрпе три мозочни удари и срцев удар во 2018 година поради предозирање.
Имено, 28-годишната Ловато проговори за своето предозирање во најавата за нејзината нова документарна серија на Јутјуб наречена „Танцувајќи со ѓаволот“.
Серијата ќе биде премиерно прикажана на 23 март оваа година, а поп-sвездата ги откри катастрофалните последици по предозирањето (за кое се верува дека е хероин) и тврди дека тогаш за малку ќе умрела.
-Имав три мозочни удари и срцев удар. Лекарите ми рекоа дека имам уште 5 до 10 минути живот – рече Ловато во соопштението.
-Предозирањето ми предизвика „оштетување на мозокот“. И денес се занимавам со последиците од тоа – додаде Деми.
Во еден момент, на екранот се појави слика на раката на Деми прикачена на инфузијата.
-Преживеав многу пати, имам 9 животи како мојата мачка. Знаете, ова е мојот деветти живот. Подготвена сум да се вратам и да го работам она што го сакам, а тоа е музиката – додаде Деми.
Беа интервјуирани нејзините пријатели и семејство, вклучително и нејзината мајка и очувот, заедно со нејзината сестра и пријателите. Тие зборуваа за исцрпувачките моменти што доведоа до предозирање и што се случи потоа. Елтон Џон и Кристина Агилера исто така беа интервјуирани.
„Кога и да потиснете дел од себе, тоа ќе се прелее“, додаде Ловато.
Во серијата се зборува и за нејзиниот живот во текот на изминатата година, нејзината свршувачка со Макс Ерик и раскинувањето, што ја разгневи Деми многу.
Да потсетиме, пејачката со години се бори со зависноста. Таа била зависна од кокаин и алкохол, а извесно време поминала на рехабилитација. До 2018 година, таа беше „чиста“ шест години.