Најпознатиот славен пар на светот, 40-годишната Ким Кардашијан и 41-годишниот американски рапер Канје Вест, исто така, официјално се разведуваат.
Адвокатката на Ким, Лора Весер ги потврди информациите за разводот, односно предавањето на документите за развод и на тој начин конечно ги „запечати“ шпекулациите за крајот на брачната идила. Ким и Канје во моментов се во процес на решавање на распределбата на имот вреден 2,1 милијарди долари, што е за половина милијарда повеќе отколку што беше споменато минатиот месец, а Ким исто така поднесе барање за старателство над нивните четири деца, седумгодишниот Норт, петгодишниот Сент, тригодишниот Чикаго и двегодишниот Псалм.
Славната sвезда поднесе барање за развод минатиот петок по седум години брак, а последните неколку месеци снимаше само брачни проблеми во шоуто „Keeping Up With The Kardashians“. И разводот ќе биде тема на последната епизода од шоуто. Неименуван извор за Сандеј Мирор изјави дека разводот на Ким ќе биде документиран во последната епизода, додека тешко дека Кание ќе добие простор во него.
Иако претходно беше објавено дека Ким е тажна откако поднесе барање за развод, неименуван извор изјави дека се чувствува сигурна во својата одлука. ‘Ким е дефинитивно тажна, но се чувствува безбедно во одлуката да се разведе од него затоа што знае дека тоа е најдобро за неа и нејзиното семејство. Таа веќе се чувствуваше како да се разведува со месеци. Нејзина главна грижа е благосостојбата на нивните четири деца. Најстарата ќерка Норт има разбирање за тоа што се случува, а исто така и другите деца затоа што главно ги гледале разделени, па за нив не било премногу изненадување “, рекол изворот.