Не помина многу долго време за Марија Шривер да заборави на неверствата на Шварци. Тие поминаа заедничка вечера во еден италијански ресторан. Поводот бил роденденот на нивниот син Патрик.
Сите тројца пристигнале и си заминале посебно. Но, во текот на вечерата Марија и Шварци си размениле неколку насмевки. На прашањето на новинарите за тоа каков е сега нивниот однис, и двајцата само се насмевнале. Еден од новинарите му се обратил на Арнолд со зборовите:” Се надевам ќе бидете повторно заедно” на што тој се насмевнал како знак на благодарност за поддршката.