
Бибури е село во Англија каде имате чувство дека времето застанало.
Бибури е село и цивилна парохија во Англија. Сместено е на реката Келн, притока на Темза, која се издига во истата област. Тоа е главна дестинација за туристите кои ги посетуваат традиционалните рурални места, чајџилници и многу историски згради во округот Котсволд.
Црквата Света Марија е саксонска црква и е вклучена во првите три категории на наследство. Покрај црквата има селско основно училиште изградено во средината на 19 век. Во 2015 година, во училиштето имало 43 ученици во две паралелки. На западната страна од селото се наоѓа баптистичката црква Арлингтон.
Во ова село можете да видите куќи од 17 век, камени колиби со стрмни покриви. Најголемата зграда е дворската зграда, изградена во 1633 година.
Филмот „Дневникот на Бриџит Џонс“ е снимен во ова село.