Наоми не е обичен модел, туку модна икона- „Матрикс капут“ кој само таа може да го носи

popara30 март, 20211min0
h_52094855-725x506

Најголемата дива меѓу супермоделите, Наоми Кембел, прошета во пролетен капут кој навистина се разликува од сето она што сме го виделе. Ова интересно парче ќе ве збуни или воодушеви – но нема да ве остави рамнодушни.

Наоми е господарка на скандалот, модел кој честопати се претставува како главен негативец во светот на модата поради различните испади во медиумите.

Ова е токму нејзиниот стил: често изненадува и шокира, но предизвикува и воодушевување. Овој пат, за ручек со пријателите, таа избра палто што ќе ги подели мислењата.

Наоми изгледаше како да излегува од трилогијата „Матрикс“ во долг кожен капут, кој всушност нема ракави. Ова необично парче ѝ даде интересна силуета, а многумина се пошегуваа дека само некој како неа може да изгледа добро како еден голем правоаголник.

Наоми го комбинираше палтото, кое всушност е преголем кожен елек, со неочекувани спортски парчиња.

Таа избра патики со скејтерски дизајн, необичен украс за коса и додаток што е чист луксуз. Скапа торба Hermes Birkin е повредна и од злато, бидејќи нејзината вредност расте само со годините.

Ретко кој би избрал такво ексцентрично парче за обичен ручек – но Наоми не е обичен модел, туку модна икона.

Што мислите за нејзиниот капут – ве воодушеви или збуни?

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma