ЗАБЛУДИ! Вака се лажат жените кога ќе станат ЉУБОВНИЦИ

popara9 октомври, 20211min0
Screenshot_1

Еве ги сите лаги кои жените си ги кажуваат себеси кога ќе се заљубат во зафатен или оженет маж.

1. Неговата сопруга / девојка не знае така да нема да биде повредена

Ако се обидете да ги погледнете работите објективно, ќе сфатите дека тоа не е точно. Само затоа што не знае не значи дека не чувствува дека нешто не е во ред и не значи дека нема да дознае. А, кога ќе дознае, тоа целосно ќе ја уништи.

2. Тоа е само физичка привлечност

Повеќето луѓе кои се впуштаат во афера се убедуваат дека сето тоа е само физичка привлечност. Тие мислат дека ќе можат да одржуваат алтернативна врска и дека едноставно ќе можат да ја прекинат кога ќе посакаат. За жал, светот не функционира на тој начин. И колку и секој да си ветува себеси дека сето тоа е само физичко, обично не е. Бидејќи, по толку време што го поминуваат заедно, речиси е невозможно барем една личност да не развие чувства. Па, тогаш работите стануваат уште покомплицирани

3. Јас нема да се врзувам

Оваа лага е практично продолжение на претходната лага што жените си ја кажуваат себеси кога ќе започнат врска со зафатен маж.

На повеќето жени им е многу тешко да бидат интимни со некого подолг временски период без да се заљубат. Иако од самиот почеток се свесни за тоа дека станува збор за маж кој има девојка или жена и нема намера да ја напушти, и покрај тоа што тоа си го повторуваат – на крајот се заљубуваат во него.

4. Ќе ја остави својата девојка / сопруга за мене

Тоа скоро никогаш не се случува. Без оглед на фактот дека можеби да ѝ кажува на љубовницата дека е посебна, дека таа е таа, дека не сака да остане со својата девојка / сопруга, во повеќето случаи секогаш ќе бара повеќе време за раскинување или развод.

Мажите знаат што сакаат да слушаат жените, особено оние кои се во брак затоа што веќе имаат искуство и не се двоумат да им кажат дека, се додека на тој начин ќе го добијат потребното – малку забава со својата љубовница.

5. Таа е злобна, би му било подобро без неа

Оженет или зафатен маж кој ја изневерува својата партнерка сигурно нема да каже ништо за да ја убеди „другата“ жена дека не треба да биде со него. Напротив, многумина од нив дури се обидуваат да ги убедат своите љубовници дека нивната сопруга е страшна, злобна, дека постојано се расправаат, дека врската / бракот е полн/а со драма… Овие изговори можеби се или не се точни, но сигурно остануваат само тоа – изговори.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag