Џенифер Анистон објави прекрасни вести за време на специјалниот собир на тимот од Пријатели
Актерката, која честопати беше испрашувана зошто не се оствари како мајка и која често (и оправдано) беше лута поради ваквите прашања, сепак се реши на овој голем чекор.
Да се роди дете не беше опција за 52-годишничката – девојчето пристигнува од мексиканскиот дом за сираци Каса Хогар Сион
За време на обединувањето на тимот од „Пријатели“ за снимањето на долгоочекуваното продолжение на серијата, актерката Џенифер Анистон ги изненади своите колеги од сетот и сподели одлични вести дека наскоро ќе стане мајка. Имено, двојно разведената актерка решила да посвои девојче од мексиканското сиропиталиште Каса Хогар Сион. Џенифер го поддржува сиропиталиштето многу години, а нејзините пријатели се воодушевени од одлуката и велат дека процесот на посвојување треба да заврши до јуни.
„Џен сметаше дека повторната средба е совршено време да се најави доаѓањето на детето на целиот тим. Иако женскиот дел од групата веќе ја слушнал среќната вест затоа што редовно се гледаат, таа смета дека било погодно и особено изненадувачки и машкиот дел од тимот да ги слушне вестите, бидејќи ретко ги гледа во последно време поради зафатениот живот и работните обврски “, изјави за „Мирор“ еден „инсајдер“.
„Поминаа скоро една деценија заедно, проживејаа многу животни подеми и падови и се поддржуваа едни со други во сите нивни тешки времиња, вклучувајќи ја и борбата на Кортни Кокс со неплодноста и болниот развод на Џен со Бред Пит. „Знаејќи колку Џенифер отсекогаш тоа го посакуваше, прославата на добрата вест што означи пресвртница во нејзиниот живот стана уште поемотивна“. „Сите беа пресреќни кога таа им кажа – давајќи и родителски совети, што им вети дека ќе ги послуша кога детето ќе пристигне во нејзиниот дом“, додаде изворот.
Гласините дека Џен посвоила дете од Каза Хогар Сион беа тема и во 2011 година пред да ја овековечи својата љубов со сопругот Џастин Тероу.
Сепак, Џен отсекогаш била таинствена за своите планови за бебето и ги негирала ваквите извештаи во минатото. Уште кога таа го започна процесот на посвојување минатата година, нејзините пријатели објавија дека цело време до нејзе била нејзината најдобра пријателка како во глумата така и во реалниот живот, Кортни Кокс.
Сомневањата за посвојување дете ги започна минатата година кога рече: „Слушам смеа, гледам деца како трчаат“ во својата иднина, и покрај тоа што беше сингл во тоа време.
„Кортни знае дека Џен не сака да создава голема врева за сè, но таа сака да ја прослави оваа огромна пресвртница во нејзиниот живот и планира интимна вечера за сите нејзини најблиски“, додава изворот.