Додека и третата агенција за издавање на кредитен рејтинг се заканува на САД поради непостигнување на договор за државниот долг, самиот Обама е при “крај со нервите”. Поради зголемувањето на лимитот на задолжување, тој е спремен да го ризикува и своето претседателство.
Доколку Вашингтон не постигне договор во врска со националниот долг од агенцијата Standard & Poor’s предупредуваат дека голема е можноста да се сруши кредитниот рејтинг на САД.
Според зборовите на Johna Chambers извршниот директор на агенцијата, рејтингот веќе ќе биде намален до крајот на овој месец, доколку Конгресот не изгласа зголемување на горната граница на долгот кој веќе изнесува 14,3 милијарди долари.
“Позицијата на моменталната администрација и републиканците е со различни гледишта и според насоките на раправата сметаме дека нема да биде постигнат договор помеѓу двете страни” изјавува Chambers.
Дека ситуабелата цијата не е добра потврдуваат и информациите кои неофицијално доаѓаат од Белата Куќа. Претседателот Обама се заканил дека поради зголемувањето на лимитот на задолжување е спремен да го изгуби и претседателството. Републиканците, пак мораат да изберат помеѓу неподигање на границата на лимитот на задолжување, со што би ја преземале одговорноста за можната катастрофа или пак со зголемување на данокот со што би изгубиле дел од своите гласачи.
Сега сите ри агенции се закануваат на статусот на САД. Досегашната ситуација им обезбедуваше на Американците евтини позајмици. Намалувањето на рејтингот ќе доведе до намалување на вредноста на државните обврзници на глобално ниво.
Агенцијата Standard & Poor уште во април предупредила за намалување на рејтингот на САД, тогаш шансите за тоа изнесувале 30%, но во моментов шансите за пад на рејтингот се зголемиле на 50%, објавува Washington Post.