Пејачката и актерка Селена Гомез предизвика шок и неверување кај посетителите кои не знаеја што се случува кога ја видоа со лисици на рацете и маица облеана во крв.
Но, Селена не стори никакво кривично дело. Барем не во реалниот живот. Имено, 28-годишната девојка моментално ја снима ТВ серијата „Only Murders in the Building“ во Њујорк. „Сакам глума, сакам да сум зад камера. Многу сум среќна за сите нови проекти на кои имав можност да работам. Ова е генерално еден од моите омилени и едвај чекам гледачите да го видат“, рече неодамна таа.
Ова се првите фотографии откако се појавија гласини дека таа е во врска со 28-годишниот актер Арон Домингез, што таа ги негираше. „Само што започнавме да работиме заедно на еден проект и веќе се пишува дека сме во врска. Морам да ви признаам дека само тој дел од мојата работа е многу стресен. Тешко ми е понекогаш да се справам со разни гласини. Но, јас ќе ви кажам дека сум многу слободна. Всушност, јас сум благодарна што во моментот не сум во врска со никого“, рече таа неодамна на новинарско прашање за статусот на врската.
Патем, Селена неодамна откри дека размислува да се повлече од музичката индустрија затоа што чувствува дека не ја сфаќаат сериозно како музичар. Таа за Вог изјави: „Тешко е да продолжите да правите музика кога луѓето не ве земаат нужно сериозно. Имав моменти кога размислував: ‘Што е поентата? Зошто сè уште го правам ова?’, искрено рече таа.