Видеото кое како доказ во постапката против Валтер Биот го приложи италијанското обвинителство покажува како војникот слика десетици слики од материјал класифициран како “Државна Тајна” кој бил достапен на неговиот компјутер. Валтер Биот бил регрутиран на една забава која се оддржала во Руската Амбасада. Тој користел специјален телефон кој му бил даден од страна на неговиот “насочувач” (рускиот разузнавач кој му давал инструкции) специјално за извршување на неговите задачи, пренесува италианскиот весник “Corriere della Sera”.
Тој седи пред неговиот компјутер, држи мобилен телефон во раката. Го зема телефонот, го фокусира на екранот и почнува да слика десетици слики. Кога завршува, тој ја вади мемориската картичка од телефонот и ја крие во кутија. Потоа станува и си оди. Добиеното видео го покажува Капетанот на морнарицата, Валтер Биот како ги прибавува класифицирани документи во корист на Русите. Денот е 25ти Март 2021 година, камера поставена од страна на италијанската полиција – Карабиниери во канцеларијата на Валтер Биот, во Генералштабот за одбрана ја снима секвенцата. И таа подоцна се потврдува, бидејќи истата кутија, подоцна на 30ти Март 2021 година ќе биде пронајдена кај рускиот дипломат, Дмитри Остроухов кој го регрутирал Биот и платил 5,000 евра за достава на потребните класифицирани документи. Вкупно 181 слика со доверливи податоци, класифицирани како “Високо Доверливи” од кои 47 датотеки “НАТО тајна” класифицирани како ”ТАЈНА”.
Забавата во амбасадата
Превентивната наредба за притвор, потпишана од страна на судија од Рим покажува само еден дел, едно парче од приказната за предавство, која всушност почнала пред 5 месеци. На Биот му било пристапено за време на прием во Руската Амбасада и не им требало многу на руските разузнавачи да сфатат дека тој има финансиски проблем и му требаат пари. Тие го регрутираат, тој се става на располагање. Контра-разузнавачките специјалисти од AISI, внатрешната агенција за безбедност водена од генералот Марио Паренте, предупредува дека постои сомнителен интерес во однесувањето на Остроухов. Тие веднаш почнуваат да го следат. Плус, тие откриваат дека Остроухов секогаш го среќава Биот на истиот начин: влегува во метро и оди до EUR, се симнува и влегува во автобус, пристигнува во Spinaceto (предградие јужно од Рим) каде што италијанскиот “контакт” го чека. Тој се врти неколку пати да провери дали некој го следи и влегува во колата на Биот. Заедно, тие застануваат на паркингот пред еден супермаркет. Остроухов не знае дека во колата на Биот се поставени камери и дека истата е озвучена. Неможел ни да замисли дека секое движење и секој збор се снима.
Нисан Патрол
Последната средба е закажана за последниот вторник. Што претходно се случува е пријавено во документите од истрагата спроведена од италијанскиот обвинителот. Агентот на AISI не може да изведува операции кога тие ги истражуваат видео снимките од канцеларијата на Биот и сфаќаат дека Биот ќе ги достави документите во замена за пари. AISI одлучува да го активира судството и карабиниерите. На состанокот со Полковникот, полицијата ја планира интервенцијата на паркингот. Биот пристигнува на средбата со различна кола од вообичаено, колата на неговата сопруга, Nissan Patrol. Карабиниерите присуствуваат на состанокот и веднаш после размената тие ги стопираат русинот и италијанецот. Полицијата ја пронаоѓа мемориската картичка кај рускиот дипломат, Остроухов. Во чантата на Биот полицијата пронаѓа пари во износ од 5,000евра, поделени во 100 банкноти од по 50 евра.
Четири смарт мобилни телефони
Рускиот офицер му дал на Биот “специјален” телефон кој Биот можел да го користи само за директен контакт. Во наредбата било специфицирано дека капетанот 10 години се справувал со менаџирање на проток на информации покриени со тајност и предодредени за безбедноста на државата. Овие документи биле поврзани со проекцијата на сите италијански одбранбени средства во странски операции со посебен осврт на НАТО операциите, ЕУ и ОН. Воени операции, распоредување на контингентот, листи на офицери и други нераспоредени офицери. Биот поседувал 4 смарт мобилни телефони, толку многу што судијата ја потенцирал можноста дека тој би можел да го повтори злосторот со оглед на големата бројка на компјутери и смарт телефони која ја поседувал, демонстрирајќи дека ова не е изолирана и спорадична активност.
И повторно, извршните методи и природата на аферата на опиплив начин ја покажува екстремната опасност од субјектот, земајќи го во предвид прикажаниот професионализам во извршување на гореспоменатите акции непогодени од големиот број на уреди кои биле употребувани, тајмингот и донесените мерки.