
Ќерката на Цеца Ражнатовиќ ужива на егзотични дестинации
Анастасија Ражнатовиќ во последните неколку недели ужива далеку од Србија, а споделува фотографии од егзотичните патувања преку социјалната мрежа Инстаграм.
Овој пат, ќерката на српската фолк sвезда, објави серија фотографии на кои позира во костим за капење на плажа, видно исончана и во провокативни пози, со што измами воздишки на многу мажи.
– За секоја грижа под сонцето има лек или нема лек; ако има лек побрзај и најди го. Ако не, не е важно – напиша таа во описот на фотографијата.