
Иако сите со нетрпение чекаме потопло време, штом зајде сонцето, ќе дојде време за кратки летни фустани и откривање на нозете. Сепак, пред сè, дали сте сигурни дека нема натрупан целулит на бутовите?
Ви донесуваме „брзо“ решение за слабеење и целулит. Тоа е ароматизирана вода со само четири состојки. Имено, водата е особено важна во процесот на слабеење. Нема магија, да бидеме реални, да постоеше магичен лек, немаше да бидеме оптоварени со диети и исхрана.
Ова не е некоја скапа вода, туку само вода која е збогатена со 4 состојки што можете да ги направите дома, а може да ви помогне да изгубите тежина со правилна диета и да се ослободите од целулитот со тренинг.
Состојки за подготовка на водата:
грст свежо нане
парче ѓумбир
една краставица
еден лимон
Подготовка на ароматизираната вода:
Измијте ги краставицата и лимонот добро, а потоа исечете ги на листови сосе кората. Излупете го ѓумбирот и изрендајте го или исечкајте го на помали парчиња.
Подгответе стаклен бокал, па прво додадете неколку свежи листови нане, а потоа исецканите состојки, лимон, краставица и ѓумбир. Измешајте сè добро, а потоа оставете го на ладно место.
Направете ден пред конзумирање, и пијте го следниот ден во текот на денот.