
Судот оцени дека пејачката Бритни Спирс (39) е подготвена да зборува во нејзино лично име.
Нејзиниот адвокат, Самуел Д. Ингам III, рече дека Бритни го замолила да побара од судот рочиште за статус на кое ќе може директно да му се обрати на судот.

Адвокатот не откри за што точно Бритни би сакала да зборува пред суд, но рече дека станува збор за статусот на старателство.
Судијката Бренда Пени го одобри барањето и рочиштето го закажа на 23 јуни.
Бритни е под надзор на старател од 2008 година и е силно против нејзиниот татко Џејми Спирс да биде чувар на нејзините работи и финансии. Џејми претходно се повлече од таа позиција поради здравствени проблеми.
Да потсетиме, Бритни во моментов комуницира со фановите преку социјалните мрежи каде објавува интересни видеа со долги објави.