Џон Волкер: на 16 години прејде на ислам, на 20 години уапсен во Aвганистан, а веќе 10 години во затвор!

popara18 јули, 20111min00
taliban_411254S1

На само 16 години John Walker Lindh премина кон исламот, на 20 години беше уапсен во Авганистан. Никого нема убиено, а сепак лежи во затвор веќе 10 години.

По нападите на Америка на 11 септември 2001 година, George W. Bush започна војна против тероризмот, целиот свет се подели на “наши“ и “нивни“.

Два месеци подоцна CNN објави неверојатна вест со слика од слаб, исцрпен талибенец, валкан со зарасната брада, за кого многу брзо се испостави всушност дека е американецот John Walker Lindh.

Американците беа навредени кога го видоа. Не можеле да прифатат дека еден од “нивните“ се борел против Америка на страната на талибанците. Џон помина на ист третман како и сите талибанци и членови на АлКаеда, а по десет месеци откако бил зарабоен, во Вирџинија му се досудени 20 години затвор.

Пред неколку дена – додека тој ја издржува затворската казна, АлКаеда се повеќе е разнишана, Буш го нема, исто и антиисламската хистерија, таткото на Џон, Френк, во едно отворено писмо напишал до американската влада, побарал да му биде ослободен синот.

Писмото во целост било објавено во британскиот Observer, со напомена дека хонорарот кои му го дале на Френк тој го уплатил на сметката на една хуманитарна организација.

“Мојот син е одгледан како католик, премина во исламот на 16 години. Тој има постар брат и помлада сестра. Џон е образован и вреден, лојален кон семејството, исклучително интелигентен, со љубопитен ум и смисла за хумор. Американската влада го нарече “затвореникот 001“ во војната против тероризмот, и сега Џон живее во затворската ќелија во Terre Haute, Индијана“, напишал неговиот татко Френк.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma