Овој план на исхрана е одговорен за совршената линија на Софија Вергара!

popara18 октомври, 20211min0
sofija-vergara

Актерката со години строго ги следи овие 2 правила

Таа има 48 години, а на нејзиниот изглед и завидуваат двојно помлади девојки. Со децении важи за најзгодната жена на Светот, а ако се прашувавте како успева да го стори тоа, го имаме одговорот.

Иако генетиката исто така има свој удел, факт е дека го должи својот младешки изглед и затегнато и витко тело на докажан рецепт. Софија е некој што сака да ужива во слатките и деликатесите, но добро знае како да се врати на вистинскиот пат кога ќе претера и накачи неколку килограми.

Како што и самата признава, има периоди кога малку се дебелее, но тогаш строго се придржува до овие 2 правила и за кратко време ја враќа витката линија.

1. Комбинира вежби за сила и кардио

Кога станува збор за кардио, таа обично користи јаже или вози велосипед, а кога станува збор за вежби за сила, тука се склековите, тренинг со тегови и слично.

2. На второ место – колумбиска диета

Основно правило е дека овој вид диета има 5 оброци на ден, а се прави така што маснотиите се губат од целните делови, без да се губат облините.

План на исхрана:

Појадок: смути од свежо овошје и зеленчук без маснотии.

Ужина: суво овошје или млечен напиток.

Ручек: тестенини или ориз со сос кој не содржи маснотии.

Ужина: свежо овошје или овесна каша со чаша свежо исцеден сок.

Вечера: главно се состои од протеини од месо или риба со јаглени хидрати со низок гликемиски индекс, како што е зелената салата.

Покрај тоа, Софија внесува многу течности, бидејќи водата придонесува за намалување на масните наслаги.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma