Кијану Ривс живее многу мирен и скромен живот
Тој е еден од најдобрите и најбараните актери во Холивуд. Иако е секогаш расположен и подготвен за работа, животот воопшто не го галеше.
Глуми повеќе од 30 години, а се оствари во скоро сите жанрови. Тој веројатно и е познат на денешната популација по улогите во филмовите „Матрикс“ и „Џон Вик“, а популарноста ја стекна со глумењето во филмот „Брзина“. Тој е познат по својата скромност и хуманитарна работа. Сепак, неговиот живот беше обележан со бројни трагедии поради кои тој стана посилен.
Трагедијата што го одбележа неговиот живот
Во 2000 година, неговата тогашна девојка Џенифер Сајм предвремено роди девојче Ава Арчер Сајм-Ривс, кое почина при раѓањето. Трагедијата ги погоди силно, па решија да раскинат. Само една година подоцна, Џенифер доживеа сообраќајна несреќа и почина на самото место. Кијану Ривс, кој во тоа време требаше да го снима филмот „Матрикс“. Реши да направи пауза за да може да се справи со несреќата што му се случи. После тоа, тој никогаш повеќе не се ожени.
Основа хуманитарна организација за помош на пациенти заболени од карцином, но не сакаше неговото име да се споменува во официјалните документи, ниту по тој повод да биде изложено во јавноста
Тој е познат по својата скромност и честопати истакнува дека парите се последното нешто за што мисли. Тој сè уште се вози со јавен превоз и нема намера да купи автомобил. Не сака да зборува за неговиот приватен живот и не ги користи социјалните мрежи.