Камениот град Мачу Пикчу-„стара планина“ е пред-колумбиски град на Инките кој се наоѓа на 2430 метри надморска височина на Андите во Перу. Градот, а денес археолошки локалитет, се наоѓа на планински венец над долината Урубамба во Перу, каде тече реката Урубамба и од Куско е оддалечен околу 80 километри. Ова место е најпозната археолошка дестинација во светот, омилена цел на многу научници, авантуристи и ентузијасти. Голем број археолози веруваат дека Мачу Пикчу бил изграден како одморалиште на Сапа Инка Пачакути. Мачу Пикчу понекогаш се именува и како „изгубениот град на Инките“ и тој претставува најпознат симбол на некогашната империја.
Инките започнале да го градат во 1400 година, но бил напуштен во официјална смисла од страна на владетелите на Инките еден век покасно. Иако градот и локалитетот биле познати за локалното население, тој не бил познат за остатокот од светот. Вниманието на светската јавност било фокусирани кон локалитетот во 1911 година кога американскиот историчар Хирман Бигман го претставил Мачу Пикчу на светот. Од тогаш, Мачу Пикчу е важна туристичка атракција.
Мачу Пикчу во 1981 година бил прогласен за Перуанско историско светилиште и во 1983 година бил вклучен во Светското наследство на УНЕСКО. Бидејќи не бил чепнат од Шпанците, Мачу Пикчу има доста голема историска, археолошка и културна важност и се смета за свето место. Мачу Пикчу бил изграден во класичен Инка стил, со полирани камени ѕидови. Главни градби во локалитетот се Интихуатана, Храмот на сонцето и Собата на три прозорци. Овие три градби се наоѓаат во делот кој археолозите го нарекуваат „свет округ“ на Мачу Пикчу. Во септември 2007 година, Перу и Универзитетот Јејл се договориле да се пренесат сите артфакти во Перу кои биле пренесени за време на американската експедиција на чело со Бингам.
Формиран е на висорамнина од н.в. од 2,430 m. Под градот се наоѓа долината Урумбаба во Перу на оклолу 70 km северозападно од градот Куско. Бил заборавен со векови од страна на светот, сепак не и од страна на локалното население. Интернационалното внимание градот го сврти археологот Хирам Бингам во 1911 година кој го дал првото научно мислење за ова место и за кое напишал Бестселер за тоа. Перу вложува огромни напори за по легален пат да ги врати во Перу илјадниците артефакти кои Бингам ги дислоцирал. Мачу Пикчу е можеби еден од најпознатите симболи на империјата на Инките.