Добро е познато дека хрватскиот брег е полн со прекрасни плажи, но една остава без здив.
Тиркизното бистро море и природната песочна плажа на прв поглед личат на тропска, рајска дестинација, а станува збор за Дуги Оток и плажата Сакарун.
Овој бисер опколен со песочни плажи и непрегледно тиркизно море не е привид на некоја далечна тропска дестинација, туку Дуги Оток кој се наоѓа на задарскиот архипелаг, а нас ни е на дофат.
Една од неговите најубави плажи е Сакарун која се наоѓа во прекрасната рајска истоимена котлина.
Плажата е долга околу 800 метри и е отворена кон Јадранското море. Таму нема гужва, бука, забави и огнени танчари.
Овде, природната убавина и недопрениот пејзаж се понудени како на дланка и се создадени за сите оние кои се во потрага по одмор на душата и телото.