Денес, до манастирот може да се искачи со скалила врежани во карпите и мостовите, но пред 1920 година, искачувањето до нив беше вистински потфат …
Високите карпи, кои излегуваат како столбови во небото, во грчкиот регион Тесалија, се дом на православните манастири каде што се извршувала верска должност 1000 години. Овие манастири биле изградени на скоро недостапни врвови од природни варовнички карпи, некои високи и до 500 метри.
Манастирите се наоѓаат во близина на градот Каламбака, во северозападниот дел на Тесалиската рамнина, во близина на реката Пенеус и на источните падини на планинскиот венец Пинд во централна Грција.
Каламбака има само 12 илјади жители и долга и богата историја. Остатоците од грчки храм се вградени во најстарата црква, која е изградена уште во 10 век. За време на Втората светска војна, таа беше запалена од германската армија за време на окупацијата на Грција, но беше обновена по завршувањето на војната.
Од 24 изградени манастири, денес остануваат 6 и тие се познати како Метеори или Пловечки карпи. Тоа се Големиот метеорон, Варлам, Свети Стефан, Света Троица, Свети Никола Анапауса и Русану. Нивната уникатност и убавина беше препознаена и од УНЕСКО, која ги стави на списокот на светско наследство од 1988 година.
Додека монасите се собирале околу карпите уште во X век, првиот и најголемиот манастир, Големиот метеорон, бил изграден 400 години подоцна. Секој имаше по една или две цркви, простории за монаси и трпезарија. Некои сè уште се користат и денес, иако во нив веќе нема многу монаси. Областа стана популарна меѓу туристите и аџиите во 60-тите години на минатиот век, кога беа изградени патиштата што водат кон градот.
Денес до манастирот може да се стигне со скали врежани во карпите и мостовите, но пред 1920 година, искачувањето до нив беше вистински потфат што вклучуваше скали или влечење до врвот со јаже и мрежи.