Може ли боемскиот изглед, модерната уметност и луксузот да одат рака под рака? Можe, и тоа совршено, покажува вилата во Сен Тропе, чиј интериер е потпишан од Стефани Кутас. Сместена на рид со поглед на Азурниот брег и отворено море, вилата е совршено интегрирана во медитеранската средина, зрачи со елеганција и допир на егзотика.
Кутас не се плаши од смели комбинации на елегантен и боемски стил, и со задоволство додава акценти на бои во палетата на природни бои што преовладуваат во околината.
Таа секогаш дава предност на природни материјали и ги смета уметничките дела за неопходен елемент за внатрешноста. Art de vivre и уметноста, според Стефани, се подразбираат едни со други.
Покрај ентериерот, таа го дизајнираше и екстериерот, исто така опремувајќи го со дизајнерски мебел.