Саркози повеќе не го сака Рамбо 2!

popara21 јули, 20111min00
India France

Францускиот претседател Никола Саркози се фрлил на гледање филмови од големите режисерски мајстори и читање книги од француските класици, само за да го подобри својот имиџ, обајви Телеграф.

Претседателот во друштво со својата сопруга Карла Бруни вечерите ги поминувале во “конзумирање култура на секој можен начин“.

Во маратонските филмски вечери Саркози изгледал 15 филма на Хичкок, потоа филмовите на Роберто Роселини, Френк Капра, Стенли Кјубрик и Федерико Фелини.

Наводно, неговата сопруга му дала и домашна задача да ги прочита делата на француските литературни великани. Саркози, наводно за еден викенд прочитал шест дела на Maupassant, Балзак и други класици.

Со цел да го отргне имиџот на обожавател на Силвестер Сталоне , како и љубител на лесните книги и кинематографија, Саркози наводно почнал да ги цитира и Селин или Жан Пол Сартр.

Трансформацијата наводно е поттикната од неговата сопруга, а популарноста на Саркози почна да се враќа откако тие објавија дека Карла е бремена.

Што и да е, Саркози сега приредува културни вечери во Елисејската палата, се обидува да пронајде нова љубов во литературата и филмот за да ги импресионира гостите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag