На оваа жена може да и позавидат сите манекенки. Според Гинисовата книга на рекорди, русинката Светлана Панкратова има најдолги нозе во светот. Нејзините нозе се долги неверојатни 132 сантиметри.
Сепак Панкратова не е највисоката жена на светот. Бидејки нејзиното торзо е во нормални димензии, таа е висока „само“ 2 метри. Панкратова има и големи стапала, таа носи чевли број 46.
Панкратова е родена во Волоград, Русија во 1971 година. Таа играла кошарка за универзитетот Virginia Commonwealth во Вирџинија, САД од 1992 до 1995 година. Таа успеала да постави два рекорди на универзитетот кои и до ден денес не се надминати, едниот за најмногу одбрани во една сезона, а другиот за најмногу одбрани во кариера.
Гинисовата книга на рекорди го призна рекордот на Панкратова во 2003 година. Во 2008 година, таа се појави на фотосесија за Гинисовата книга на рекорди заедно со најмалиот човек на светот Хе Пипинг.
One comment
zdravko
29 јули, 2011 at 19:09
odlicna strana